Активности

Среда, 26 август 2015 година 

Триесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 31. Седница, како матично работно тело во скратена постапка ги разгледа:

  1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните;
  2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни;
  3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните;
  4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно - медицински препарати;
  5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло;
  6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за сточарството;
  7. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за виното;
  8. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство;
  9. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата;
  10. Предлог-закон за  изменување и дополнување на Законот за хидрометеоролошка дејност;
  11. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи;
  12. Предлог-закон за  изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство;
  13. Предлог-закон за  изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Михаил Цветков, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата, Ромео Тренов ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законите.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија ги проследи горенаведените Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието. 

Click