Активности

Вторник, 1 декември 2015 година

Триесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 37. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на храната;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Претседателот на Комисијата, г. Панче Орцев, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлог-законите.

Комисијата без дискусија го проследи Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на храната на натамошна постапка во Собранието, додека во дискусијата по однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи учествуваа пратениците Љупчо Димовски и Панче Орцев, кои го поддржаа донесувањето на овој Предлог-закон и по расправата Комисијата го проследи истиот на натамошна постапка во Македонското собрание. 

Click