Активности

Вторник, 23 февруари 2016 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на денешната 36. седница, како матично работно тело, по скратена постапка: ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема;
  2. Предлог-законот за изменување на Законот за управување со кризи;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (поднесен од: Талат Џафери, Шпреса Хадри, Вјолца Мехмети Нуредини, Мирван Џемаиљи, Нора Алити, Ејуп Рустеми, Џеват Адеми, Ермира Мехмети, Реџаиљ Исмаили, Рамис Мерко, Муса Ибраими, Јасмин Синани, Рафис Аљити, Каљтрина Азизи, Мирсада Емини Асани и Селвије Салиу).

На седницата присуствуваа министерот за одбрана, г. Зоран Јолески и заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев. 

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Сашо Аќимоски, ги извести пратениците дека по четирите Предлог-закони не се поднесени  амандмани од овластени предлагачи. Комисијата ги проследи истите на понатамошна постапка во Собранието. 

Click