Активности

Петок, 10 јули 2015 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 36. седница, како матично работно тело, ја разгледа Листата на итни реформски приоритети за Република Македонија од Европската Комисија како и препораките од групата на високи експерти за системските прашања за владеење на правото кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015, во делот В. независни регулаторни, контролни и надзорни тела.

Во дискусијата учествуваа пратениците: г-ѓа Лилјана Затуроска, г. Ејуп Рустеми и г. Реџаиљ Исмаили.

Претседателот на Комсијата, Реџаиљ Исмаили во својата дискусија даде објаснување кои регулаторни тела ги контролира Комијата за транспорт, врски и екологија и тоа: Агенција за електронски комуникации, Агенцијата за пошти, Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Регулаторната комисија за домување. Сите овие регулатори доставуваат Извештаи до матичната комисија на Собранието на Република Македонија и ги разгледува Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Од досегашната работа на Комисијата се знае дека Собранието ги избира составот на управните одбори, а тие избираат директори и токму една од препораките на високите експерти за системските прашања за владеењето на правото кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 е да се обезбеди автономија на независните регулаторни, контролни и надзорни тела. Не е прецизирано финансиското прашање на Јавниот сервис МРТ каде што најголем процент отпаѓа на таксата која ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.

На крајот од дискусијата, претседателот на Комисијата констатираше дека Комисијата ја разгледа Листата на итни реформски приоритети за Република Македонија од Европската Комисија како и препораките од групата на високи експерти за системските прашања за владеење на правото кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015, во делот В. независни регулаторни, контролни и надзорни тела.



Click