Активности

Петок, 19 јуни 2015 година

Триесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 33. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта;
  3. Предлог-законот за урбано зеленило (поднесен од: Лилјана Поповска и Павле Трајанов).

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Во образложението по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Во образложението по Предлогот на законот за урбано зеленило, предлагачот, г-ѓа Лилјана Поповска, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по овој Предлог-закон учествуваa пратениците: г-ѓа Слаѓана Митовска, г. Благоја Деспотоски, г-ѓа Лилјана Затуроска, г-ѓа Олга Најденовска и г-ѓа Лилјана Поповска. 

На крајот од расправата, Комисијата едногласно констатираше дека сите Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.



Click