Активности

Среда, 23 септември 2015 година

Триесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 33. седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  1. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за водостопанство;
  2. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделски задруги;
  3. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој;
  4. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата;
  5. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура;
  6. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделските производи;
  7. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ловството;
  8. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заменик- министерот Костадиновски ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

На крајотод расправата, Комисијата оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

 

Click