Активности

Среда, 10 јуни 2015 година

Триесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 32. седница, како матично работно тело, по скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за градежно земјиште.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Ниметула Хаљими, заменик на министерот за транспорт и врски.

Претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот.

Комисијата го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието. 

Click