Активности

Петок, 21 август 2015 година

Триесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 30. седница, како матично работно тело во скратена постапка ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за ловството;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите;

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Михаил Цветков, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, 

Претседавачот на Комисијата пратеникот Ромео Тренов, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законите.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија ги проследи горенаведените Предлог на закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click