Активности

Четврток, 27 ноември 2014 година

Тринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 13. седница, како матично работно тело во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г.  Ниметула Хаљими.

Во образложението по Предлог на законите претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Во дискусијата по Предлог на законите учествуваа пратениците: Благоја Деспотовски, Роза Топузова Кареска, Стојан Миланов, Реџаиљ Исмаили, Драган Данев, Фатмир Имероски како и Мартин Оџаклиески раководител на сектор во Министерство за транспорт и врски.

На крајот од расправата, Комисијата едногласно одлучи дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click