Активности

Вторник, 28 април 2015 година, Цетиње

Учество на 17. Цетински парламентарен форум

По повод 17. Цетински парламентарен форум, кој се одржува од 27 до 29 април во Цетиње, Република Црна Гора, учество зеде потпретседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Сашо Аќимоски. 

Цетинскиот парламентарен форум претставува регионална иницијатива за парламентарна соработка, препознатлива како одлична форма за разговор за најзначајните теми од нашиот регион, а фокусот е на темата човекови права и родова застапеност кај припадниците на вооружените сили и безбедносните сили што претставува битен елемент на реформа на земјите од регионот. 

Click