Активности

Петок, 8 мај 2015 година

Учество на Конференција за Енергетската заедница

Во рамките на Конференцијата посветена на активностите на Енергетската заедница, која во организација на Секретаријатот на Европската енергетска заедница, се одржа во Европскиот парламент во Брисел, на 6 и 7 мај 2015 година, учествуваа заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Нора Алити и членот на Комисијата за економски прашања, г. Драган Цуклев. 

На Конференцијата, воведно излагање имаше претседателот на парламентарната Комисија за енергетската заедница, професорот Јержи Бузек, кој истакна дека Енергетската заедница е докажан инструмент за унапредување на правилата за управување со стабилен, конкурентен, одржлив и поврзан  енергетски ЕУ пазар.

Во расправата беше потенцирана важноста на поголема соработка на земјите потписнички на овој договор, со зајакнување на парламентарната соработка во областа на енергетиката, и тоа преку функционирањето на Парламентарно собрание на земјите од ЈИЕ, во кое ќе членуваат пратеници од регионот.

Во врска со темата, свои излагања имаа и претставниците на Собранието на Република Македонија, г-ѓата Нора Алити и г. Цуклев, кои во своите дискусии  истакнаа дека Македонија, како потписничка на Договорот за енергетската заедница меѓу земјите од Југоисточна Европа и Европската заедница, е целосно посветена на реализацијата на обврските од овој договор.

Притоа, тие информираа дека последната фаза на усогласување на македонското законодавство со правото на Европската унија во врска со усогласувањето со уште две директиви и две регулативи од т.н. „Трет пакет“ и со кој се предвидува целосна либерализација на енергетскиот пазар за тарифните потрошувачи, е одложена.     

Click