Активности

Понеделник, 5 септември 2016 година

Учество на пратеничката Нора Алити на Интерпарламентарна конференција за надворешна и безбедносна политика

Пратеничката Нора Алити, како член на Комисијата за надворешна политика,  учествуваше на Интерпарламентарната конференција за надворешна и безбедносна политика CFSP CSDP, која се одржа во Братислава, Република Словачка, од 2 до 4 септември. 

На конференцијата свое обраќање имаа министерот за надворешни работи на Словачка, г. Мирослав Лајчек, во својство на претседавач со Европската унија и г-ѓа Фредерика Могерини,  висок претставник на Европската унија за надворешна политика.

Тие го констатираа напредокот на Република Македонија во реформите, како и постигнувањето договор помеѓу политичките партии за одржување на избори на 11 декември 2016 година. 

Во своето обраќање, пратеничката Нора Алити го истакна значењето за одредување на датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, со што би се овозможило и забрзување на реформските и евроинтеграциските процеси во земјата.

Click