Активности

Понеделник, 20 април 2015 година

Учество во Јавна расправа на тема „Климатските промени се реалност во Србија и ЕУ - предизвици, одговори, можности"

Пратеничката Лилјана Поповска денеска учествуваше на јавна расправа на Одборот за заштита на животната средина на тема: „Климатските промени се реалност во Србија и ЕУ - предизвици, одговори, можности", која се одржа во Парламентот на Република Србија.

Во своето излагање таа укажа дека е неопходна регионална соработка во борбата со климатските промени, поради што ДОМ во 2014 година излезе со иницијатива за еколошка безбедност на Балканот како одговор на климатските промени, по што беше одржана регионална конференција на 10 Зелени партии со поддршка на Балканската мрежа на Европските Зелени.

Учеството на оваа средба е на покана од Иван Кариќ, заменик претседателот на Одборот и пратеник од партијата на Зелените на Србија.

Click