Активности

Вторник, 22 јули 2014 година

Втора седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 2. Седница, одржана на 22 јули 2014 година, како матично работно тело, во прво читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

Потребата од донесување на Предлог-законот ја образложи, г. Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија. Беше истакнато дека целта на измените е да се допрецизира и доуреди текстот на Законот заради подоследна примена од страна на субјектите. Со предложените измени и дополнувања на Законот за едношалтерскиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица се врши допрецизирање со тоа што се дава можност за пријавите за упис на адреса на електронско сандаче поднесени од страна на субјектите до крајот на оваа календарска година да им се евидентира без надоместок. Се определува дека изјавата  за точноста и вистинитоста на податоците искажани во годишната сметка и финансиските извештаи е задолжителен  прилог кон секоја годишна сметка и финансиски извештај  потпишани од застапникот  по  закон ако се доставуваат  во хартиена форма, а ако истите се поднесуваат во електронска форма се потпишуваат со електронски потпис. 

Во претресот учествуваше претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љупчо Димовски.

Претседателот Димовски во своето излагање го истакна членот 5 од предложените измени и дополнувања како дополнување на образложението каде што се овластува законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за едношалтерскиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица. Беше истакнато дека Законот е донесен во 2005 година и истиот има претрпено шест измени. Поради тоа се предлага од законодавно-правната комисија да утврди пречистен текст на Законот.    

Комисијата за економски прашања „едногласно“ заклучи дека Предлогот на законот, во прво читање е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click