Активности

Понеделник, 21 јули 2014 година

Втора седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Втората седница, што се одржа денеска, расправаше по Извештајот за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, ревизија 2014 година за периодот од јануари до март  2014 година, како и за Предлогот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во прво читање. 

Во врска со кварталниот извештај за реализацијата на НПАА- ревизија 2014 година, вицепремиерот за европски прашања во Владата на Република Македонија, г. Фатмир Бесими информира  за преземените активности  во извештајниот период, при што посочи дека Собранието на  Република Македонија  од предвидените 57 закони, усвоило 11 закони, а во  собраниска и владина  процедура се  5 закони и 3 се  во ресорска процедура.

Тој, исто така информира и за останатите активности на Владаат на Република Македонија  во областа на евроинтеграциите, при што посебно се осврна на прашањата поврзани со владеењето на правото, и тоа во однос на реформите во судството, борбата против корупцијата, состојбата со медиумите,  искористеноста на европските фондови со осврт на ИПА1 и ИПА 2, реализацијата на Охридскиот рамковен договор и друго.  

Во дискусијата по ова прашање учествуваа пратениците: Мерал Узеири Ферати, Силвана Бонева, Нора  Алити и Кенан Хасипи, кои искажаа повеќе свои мислења за актуелните состојби во евроинтегративните процеси на земјата. Во таа насока беше укажано на позитивните, но и на негативните процеси во земјата. Тука,особено беше истакната потребата за враќање на опозицијата во Собранието на Република Македонија, како неопходен услов за реализирање на потребните задачи кои произлегуваат од Годишниот извештај за напредокот на земјата.

Притоа, беше изразена и загриженост, во врска со изјавата на новиот претседател на Европската комисија, г. Јункер, кој   рече дека во следниот петогодишен мандат, нема да има проширување со нови земји. На ова вицепремиерот одговори дека прашањето со проширувањето на ЕУ и понатаму е актуелно и останува да биде системско прашање, врз кое се темели политиката на самата унија. 

Click