Активности

Вторник, 26 август 2014 година

Втора седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 2. седница, како матично работно тело, во прво читање го разгледаПредлогот на законот за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење.

На седницата на Комисијата за култура во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Министерот за култура, м-р Елизабета Канческа-Милевска и државниот советник во Министерството за култура Весна Илиевска.

Претставникот на Владата на Република Македонија Министерот за култура м-р Елизабета Канческа-Милевска, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. Претставникот на Владата на Република Македонија во образложението кажа дека со овој закон се врши идентификација на споменичните целини, просторно лоцирање на доброто, пропишување на режим на заштита и оддржливо користење на добрата. Законот содржи одредби со кои е утврден специфичен режим на заштита на споменичната целина. Јасните и транспарентни параметри на режимот на заштита ќе ја олеснат постапката за изработка на урбанистички и конзерваторски проекти кои се неопходни како и постапката за издавање на конзерваторски одобренија од страна на Управата за заштита на културното наследство. 

Министерството за култура предлага и план за управување со старото градско јадро на Кратово. Планот се изработува заради утврдување и правилно спроведување на коегзистентна политика на интегрирана заштита, управување и активно користење на културното наследство, согласно начелата за оддржлив развој, развој на културниот туризам, зачувување на традиционалните занаети и вештини. Планот го донесува Националниот конзерваторски центар - Скопје и општина Кратово. Со законот се предлага општина Кратово да донесе и нов урбанистички план.

Со законот ќе се обезбеди постабилен и оддржлив континуитет во зачувувањето и ревитализацијата на македонското културно наследство.

Во дискусијата по Предлогот на законот за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење учествуваа пратениците: Марјанчо Колевски, Стојан Миланов, Роза Топузова Каревска и Магдалена Манаскова. 

На крајот од расправата Комисијата за култура, едногласно оцени дека Предлог законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click