Активности

Среда, 9 јули 2014 година

Втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 2. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти;
  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење;
  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Миле Јанакиески.

Во образложенијата по Предлог-законите, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

На крајот од расправата, Комисијата едногласно констатираше дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click