Активности

Среда, 7 октомври 2015 година

Заедничка седница на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана и Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контрараузнавање и на Агенцијата за раузнавање

Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана  на втората седница и Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контрараузнавање и на Агенцијата за раузнавање на четвртата седница вчера одржаа заедничка седница со точка на дневен ред:

  1. Листа на итни реформски приоритети за Република Македонија од Европската Комисија и Препораките од групата на високи експерти за системските прашања за владеење на правото  кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 година.

Во дискусијата по точката од дневниот ред земаа учество пратениците: Горан Мисовски, Хари Локвенец, Павле Саздов, Ернад Фејзула, Иван Иванов, Сашо Василевски, Васко Ковачевски, Народниот правобранител Иџет Мемети и претставници од  експертската јавност. 

По дискусијата беа донесени следните заклучоци:

  1. Парламентарниот надзор над работата на Управата за безбедност и контраразунавање и на Агенцијата за разузнавање, како и надзорот над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите претставува значаен механизам преку кој треба да се гарантира почитување на основните човекови слободи и права, загарантирани со Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за заштита на човековите права.
  2. Имајќи ја предвид важноста на парламентарниот надзор комисијата ја потенцира неопходноста од редовна и непречена комуникација со Управата за безбедост и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање. Во таа насока, се повикуваат директорите на Управата и Агенцијата задолжително да присуствуваат на седниците на комисијата, особено кога се разгледуваат редовните годишни извештаи за нивната работа и планот за работа за наредната година.
  3. Комисијата потенцира дека е од особено значење сите надлежни институции да превземат мерки и активности со цел да се постигне целосна имплементација на препораките и приоритетите утврдени во  Препораките од групата на високи експерти за системските прашања за владеење на правото кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 година, како и насоките дадени во Листата на итни реформски приоритети
  4. Повикувајќи се на дискусиите во текот на состанокот на Пристапниот дијалог на високо ниво, одржан на 18 септември 2015 година, во Скопје, каде Европската унија беше запознаена со формирањето на меѓуресорската комисија за подготовка на план на активности за реализација на Препораките од групата на високи експерти за системските прашања за владеење на правото кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 година, Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање го информира Министерството за внатрешни работи за потребата овој план да биде доставен до претседателот и членовите на Комисијата.
  5. Со оглед на тоа дека Комисијата во својата надлежност врши надзор за чие спроведување е потребно стручно и експертско познавање од областа, Комисијата укажува на потребата од изноаѓање на соодветен модел на идно ангажирање на технички експерти.
  6. Комисијата превзема обврска да организира јавни расправи со присуство на експертска и стручна јавност, со цел презентирање на најдобрите практики чија соодветна примена ќе овозможат целосно функционирање на системот на парламентарна и граѓанска контрола.
  7. Овие заклучоци да бидат доставени до Претседателот на Собранието на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана. Заклучоците да бидат објавени на интернет страната на Собранието на Република Македонија.  






 

Click