Активности

Четврток, 12 февруари 2015 година

Значајна е улогата на пратеничките групи за соработка во зајакнувањето на односите меѓу земјите

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, г. Емил Димитриев, оствари средба со г-ѓа Маја Гојковиќ, претседател на Народното собрание на Република Србија.

На средбата учествуваа и членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија: г-ѓа Лилјана Кузмановска, г. Иван Иванов, г. Иван Стоилковиќ и г. Муса Ибраими.

Во своето поздравно обраќање, претседателот Димитриев истакна дека соработката помеѓу двете држави е на високо ниво, контактите на владино ниво се развиени на сите полиња, додека на ниво на Парламентарна група за соработка има простор за поголема соработка меѓу двете групи.

Тој изрази задоволство што Република Србија доби статус на земја-кандидат за членство во Европската унија.

Претседателот на Народното собрание на Република Србија, г-ѓа Маја Гојковиќ, искажа задоволство од средбата и истакна дека ѝ е мило што беше потсетена да ги поттикне средбите. Таа ја покани Пратеничката група да биде гостин во Народното собрание на средба со своите колеги за теми кои би ги иницирале на тие состаноци за заедничка соработка. 
Исто така, таа додаде дека пратеничките групи за соработка добиваат големо значење, парламентарците остваруваат чести средби и разменуваат меѓусебни искуства. 

Претседателот Димитриев заклучи дека има многу полиња на кои може да се соработува во заеднички интерес.

Click