СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО КАЛИН ПОПЕСКУ ТАРИЧАНУ И ...

Среда, 13 март 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО КАЛИН ПОПЕСКУ ТАРИЧАНУ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕНАТОТ НА РОМАНИЈА И ФЛОРИН ЈОРДАКЕ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА ПАРЛАМЕНТОТ НА РОМАНИЈА

По ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО алијансата во Сенатот на Романија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари високи билатерални средби од кои првата беше со Претседателот на Сенатот на Романија, г. Калин Попеску Таричану.

Прочитај повеќе

Поздравно обраќање на претседателот Џафери во Сенатот на Ро...

Среда, 13 март 2019 година

Поздравно обраќање на претседателот Џафери во Сенатот на Романија

Денеска од страна на Сенатот на Романија се донесе едногласна одлука со 95 гласа за, во прилог на ратификацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ТЕОДОР ВИОРЕЛ МЕЛЕСКАНУ, ...

Среда, 13 март 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ТЕОДОР ВИОРЕЛ МЕЛЕСКАНУ, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РОМАНИЈА

Во рамки на работната посета на Романија по повод присуството на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО алијансата во Сенатот на Романија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, во придружба на претседателот на Пратеничката група за соработка со Романија, г. Панчо Минов, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Романија, г. Теодор Виорел Мелескану.  

Прочитај повеќе

И претседателот Џафери се придружи на честитките по повод М...

Петок, 8 март 2019 година

И претседателот Џафери се придружи на честитките по повод Меѓународниот ден на жената 

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери во придружба на двајцата потпретседатели Мисовски и Ременска и двајцата заменици генерални секретари, г-ѓа Кацарска и г. Милковски, ги поканија на свечен коктел на којшто им подарија по една ружа на припадничките од женскиот пол а кои се пратенички и дел од Службата на Собранието, по повод Меѓународниот ден на жената, 8-март.

Прочитај повеќе

TAKIM I KRYETARIT XHAFERI ME FILIP RIKER...

E hënë, 4 mars 2019

TAKIM I KRYETARIT XHAFERI ME FILIP RIKER, ZËVENDËS CIVIL DHE KËSHILLTAR POLITIK I KOMANDANTIT TË KOMANDËS EVROPIANE TË FORCAVE USHTARAKE TË SHBA-së

Kryetari i Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut, z. Talat Xhaferi sot realizoi takim me Ambasadorin Filip Riker, zëvendës civil dhe këshilltar politik i komandantit të Komandës Evropiane të forcave ushtarake të SHBA-së.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ФИЛИП РИКЕР...

Понеделник, 4 март 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ФИЛИП РИКЕР, ЦИВИЛЕН ЗАМЕНИК И ПОЛИТИЧКИ СОВЕТНИК НА КОМАНДАНТОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМАНДА НА ВОЕНИТЕ СИЛИ НА САД

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.

Прочитај повеќе

Работна посета на претседателот Џафери на Црна Гора...

Петок, 1 март 2019 година

Работна посета на претседателот Џафери на Црна Гора

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, во рамките на дводневната работна посета на Црна Гора, денеска присуствуваше на чинот на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Собранието на Црна Гора.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Г. ГЕНТ ЦАКАЈ...

Среда, 27 февруари 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Г. ГЕНТ ЦАКАЈ, ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со заменик-министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г. Гент Цакај.

На средбата, двајцата соговорници го изразија задоволството за ратификацијата на пристапниот Протокол за НАТО во албанскиот парламент. Нагласена  е одличната соработка меѓу Тирана и Скопје во изминатите години, како и напорите на Албанија за поддршка на нашата држава на европскиот пат.

Прочитај повеќе

Џафери: Јас работам според процедури, не можат да ме водат ...

Среда, 27 февруари 2019 година

Џафери: Јас работам според процедури, не можат да ме водат пратениците од место, јас ја водам седницата

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на денешната редовна средба со претставниците на медиумите, во врска со седницата на која единствена точка беше барањето на судот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, рече дека тој работи според пропишаните процедури. Правниот дел не беше до крај исполнет.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Натали Лоазо...

Вторник, 26 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Натали Лоазо, министер за европски прашања при Министерството за Европа и за надворешни работи на Република Франција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Талат  Џафери се сретна со г-ѓа Натали Лоазо, министер за Европски прашања при Министерството за Европа и за Надворешни работи на Република Франција. Дел од Делегацијата беа и г-ѓа Марта де Сидрак, претседател на групата Франција-Западен Балкан во Сенатот и г. Бертран Сор, пратеник од Националното Собрание, претседател на групата за пријателство Франција-Северна Македонија. 

Прочитај повеќе
1...131415...40                                         
Click