Активности

Вторник, 23 јули 2019 година

Четириесерт и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 45. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, поднесен од пратениците: Лилјана Затуроска, Диме Велковски, Костадин Ацевски и Ане Лашкоска;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, поднесен од пратениците: Хари Локвенец, Артан Груби и Емил Димитриев.

Кон првиот Предлог-законот се приклучија пратениците Мирослав Јовановиќ и Јусуф Хасани, а кон вториот истите и Реџеп Мемеди.

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлог-законите. Комисијата без дискусија ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието. 

Click