Активности

Вторник, 30 јули 2019 година

Четириесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 47. седница, како матично работно тело, го разгледа Годишниот извештај за работата на ЈРП Македонската радио телевизија за 2018 година;

На седницата на Комисијата во својство на претставник на ЈРП Македонска радио телевизија присуствуваше претседателот на Програмскиот совет на МРТ, Смилка Јанеска-Саркањац.  

Комисијата за транспорт, врски и екологија, со 4 гласа ,,за” и 5 гласа ,,против”, не го усвои заклучокот со кој се предложи Собранието на Република Северна Македонија да го разгледа Годишниот извештај за работата на ЈРП Македонската радио телевизија за 2018 година.





Click