Активности

Петок, 23 март 2018 година 

Четиринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 14. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог - закон за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај - II читање;
  2.  Предлог -закон за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај - II читање;
  3. Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловството - II читање; (Поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Лилјана Поповска)
  4. Предлог -закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба - II читање; (Поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Лилјана Поповска)
  5. Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за градење - II читање; (Поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Лилјана Поповска)
  6. Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем - II читање; (Поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Лилјана Поповска)
  7. Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем - II читање; (Поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Лилјана Поповска)
  8. Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за домување - II читање; (Поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Лилјана Поповска)
  9. Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности - II читање; (Поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Лилјана Поповска)
  10. Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги - II читање; (Поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Лилјана Поповска)
  11. Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање - II читање; (Поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Лилјана Поповска).

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Горан Сугарески. Претседавачот на седницата на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани по:

  • Предлог - закон за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај; 
  • Предлог – законот за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај; 
  • Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловството; 
  • Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем; 
  • Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за домување; и
  • Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги.

Врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата по Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за домување поднесе амандман на членот 3, кој едногласно беше усвоен.

Во однос на останатите Предлог-закони, Комисијата исто така водеше амандманска расправа.

На крајот од расправата, Комисијата гореднаведените Предлог-закони ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 







Click