Активности

Четврток, 21 септември 2017 година

Четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 4. седница, како матично работно тело, во итна постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево – Охрид.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник, присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Горан Сугарески.

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г-ѓа Лилјана Затуроска, ги извести пратениците дека согласно член 151 став 3 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, амандмани може да се поднесат до завршување на претресот.

Комисијата за транспорт, врски и екологија, без дискусија, го проследи овој Предлог на законот на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click