Активности

Среда, 15 мај 2019 година

Делегација од Комисијата за финансирање и буџет во Приштина

Заменик претседателот на Kомисијата за финансирање и буџет, Панчо Минов, на 7 мај 2019 година учествуваше на регионалната конференција на тема „Парламентарен надзор над јавните финансии“, која се одржуваше во Приштина, Република Косово.

Коференцијата беше составена од три сесии на кои се дискутираше за улогата и функциите на COPF, CBF и OAG; искуството од страна на поканетите земји на конференцијата и нивната соработка со OAG или со Врховниот суд  за ревизија и искуството од страна на поканетите земји на конференцијата и нивната соработка со OAG или со Врховниот суд  за ревизија на земјите учеснички. 

Целта на коференцијата беше да се разменат искуства за за улогата и важноста на COPF и CBF, опсегот на комисиите, соработката со други парламентарни комисии и соработката со Националниот  суд за ревизија на Косово како и искуството на другите земји учеснички во оваа област.
На отворањето, свое обраќање имаше Дритон Селаманј, претседател на Комисијата за надзор над јавните финансии (COPF).

На регионалната коференција, која беше во организација на Собранието на Република Косово, во дискусијата зема учество пратеникот Панчо Минов, заменик претседател на Kомисијата за финансирање и буџет . Тој истакна дека соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Државниот завод за ревизија се зајакнува преку започнување на постапка за разгледување на конечните ревизорски извештаи на ДЗР што е во насока на зајкнување на надзорната улога на Собранието. Се истакна дека ДЗР годишно подготвува околу 70 конечни ревизорски извештаи и поради нивниот голем број потребно е да се најде начин како да се групираат истите со цел да се олесни нивното разгледување. Се потенцираше дека во Законот за Собрание на Република Северна Македонија Буџетскиот совет ги има следниве надлежности: ги утврдува стратешките приоритети на Собранието за наредната година и нивно вклучување во Буџетот на Република Северна Македонија со предлагање на посебни програми и потпрограми; дава упатства и насоки за подготвување на предлогот на буџетските барања и потребите за работа на Собранието; предлага на Владата на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за финансии максимален износ на средства за Собранието за наредните три фискални години итн.