Активности

Понеделник, 19  март 2018 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната 19. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за пријавување и евиденција на обврски;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви за нафта и нафтени деривати (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државната ревизија (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  6. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за девизната инспекција (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  7. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  8. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  9. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  10. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  11. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  12. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  13. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  14. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  15. Предлог-законот за изменување на Законот за стоковните резерви (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов).

Воведно образложение по Предлогот на закон за пријавување и евиденција на обврски  даде заменик-министерката за финансии, г-а Ширете Елези. Таа истакна дека со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи одржување на транспарентноста и отчетноста и доследно јакнење на одговорноста при располагање со јавни средства преку единствено целокупно евидентирање во соодветен електронски систем на пријавените преземени, а недоспеани обврски и на доспеаните, а неплатени обврски во соодветен електронски систем од страна на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, установите и институции кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон основани од Република Македонија или единиците на локална самоуправа, како и јавните претпријатија, трговските друштва, заводите, агенции, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија или единиците на локалната самоуправа. Преку прегледот на целокупните обврски ќе се обезбеди можност да се увиди целисходноста во преземањето на истите.

Во претресот учествуваше пратеничката Мира Стојчевска.

Воведно образложение по преостанатите Предлог-закони даде претставникот на предлагачите, пратеникот Панче Иванов. 

Тој посочи дека целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државната ревизија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар, е да се овозможи АПТИС како меѓународен сертификат за познавање на странски јазик да биде доказ за познавање на странски јазик за именување на директор на Фондот за осигурување на депозити, главен државен ревизор, главен ревизор за ИПА и заменик, вицегувернер на Народна банка на Република Македонија, директор на Управата, директор на Државниот архив на Република Македонија, директор на Управата за јавни приходи, директор на Финансиска полиција, членови на Советот на експерти на Агенцијата, претседател и членови на Комисијата за хартии од вредност, како и директор на Централниот регистар, затоа што овој сертификат е признаен секаде, но е и најевтин и најдостапен сертификат за познавање на англиски јазик во Република Македонија.   

По однос на психолошкиот тест, се истакна дека истиот е често користена алатка за проверка на психолошките карактеристики на кандидати за определени работни места, но проблем претставува фактот што во Република Македонија не постојат овластени правни лица кои располагаат со соодветен стручен кадар за развивање на соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција, вклучувајќи ги и избраните и именуваните лица, поради што истиот се брише.

Ова образложение за психолошкиот тест пратеникот Иванов го посочи и кај Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви за нафта и нафтени деривати и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за девизната инспекција.

Како цел на Предлог-законот за изменување на Законот за стоковните резерви, покрај бришењето на условот за положен психолошки тест, г. Иванов го посочи и утврдувањето на потребните меѓународно признати сертификати како услов за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата. 

  • Комисијата за финансирање и буџет со по осум гласа „за“ заклучи дека сите Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.
Click