Активности

Среда, 4 април 2018 година 

Деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 9. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за ловството;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Благе Цветковиќ, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставникот на Владата на Република Македонија ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите. 

Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваа пратеничките Мира Стојчевска и Татјана Прентовиќ. 

На крајот од дискусијата, Комисијата со 6 гласа „за“, без гласови „против“ и „воздржан“, оцени дека горенаведените Предлог на закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click