Активности

Петок, 22 ноември 2019 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“

Денеска во Кристална сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 13:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2019 година, за признание кон луѓето од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

 

Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2019 година се Давид Хосафлок, истражувач, историчар и хуманист и Кимет и Аднан Агаи, просветни работници.

Click