Активности

Четврток, 23 август 2018 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 24. седница, како матично работно тело, го разгледа:

  • Годишниот извештај за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство присуствуваше директорот Горан Јандреоски кој и го образложи Годишниот извештаj.

Во дискусијата учествуваа пратениците: Диме Велковски, Благоја Деспотоски, Хари Локвенец и Горан Милевски.

На крајот од расправата, Комисијата едногласно го усвои Годишниот извештај за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година.

Click