Активности

Понеделник, 3 септември 2018 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 25. седница, одржана на 30 август и 3 септември 2018 година, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, поднесен од пратениците: Хари Локвенец, Реџаиљ Исмаили, Агим Шаќири, Петар Атанасов, Лидија Тасевска, Горан Милевски, Мирослав Јовановиќ, Александар Кирацовски и Татјана Лалчевска.

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлог-законот.

Во својство на претставник од предлагачите, пратеникот Александар Кирацовски го образложи Предлог-законот и истакна дека се додаваат само два члена и дека станува збор за итно Предлог-законско решение за да се овозможи учениците да посетуваат настава во новата учебна година, со коешто ќе се намалат средствата за превоз на учениците.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: Ане Лашкоска, Александар Кирацовски, Благоја Деспотоски, Невенка Стаменковска, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Слаѓана Митовска и Горан Милевски.

Од своја страна, претседателката на Комисијата, Затуроска, истакна дека станува збор за лошо законско решение коешто мора да се пушти во редовна собраниска постапка, а не по скратена постапка. Укажа дека општеството мора да се гради врз база на конкурентност и врз база европски принципи. 

По дискусијата, Комисијата за транспорт, врски и екологија го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието. 

Click