Активности

Вторник, 10 септември 2019 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 25. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој - II читање;
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното - I читање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Северна Македонија, присуствуваше Благе Цветковиќ, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, Љупчо Димовски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Комисијата, без дискусија, го проследи истиот на натамошна постапка во Собранието.

Во однос на Предлогот на законот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното, заменик-министерот Цветковиќ ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. Во дискусијата учествуваа пратениците: Павлинче Честојнова, Ристе Ташев, Весна Пемова, Панчо Минов и Љупчо Димовски.

Пратеникот Љупчо Димовски, во име на опозицијата, истакна дека имаат негативен став во донесувањето на овој закон од причина што истиот за нив е несоодветен и е на штета на лозаро-производителите. Тие сметаат дека е потребен предлог опфатен и анализиран од повеќе аспекти.

На крајот Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, со 7 гласа „за“ и 4 гласа „против“ го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлогот на законот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното и оцени дека Предлогот на  законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click