Активности

Четврток, 4 октомври 2018 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 27. седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа  Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, поднесен од пратениците: Панчо Минов, Драган Данев, Лилјана Затуроска, Слаѓана Митовска и Ане Лашкоска.

Во образложението по Предлогот на законот, претставникот на предлагачите, пратеникот Панчо Минов, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваше државната секретарка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, која  извести дека иницијативата за донесување на законското решение е преранета од причина што во Министерството веќе се изработуваат закон за животна средина и закон за инспекции во животна средина, а Инспекцискиот совет го доработува и Законот за инспекциски надзор.

Комисијата за транспорт, врски и екологија со 4 гласа „за“ и 6 гласа „против“, не го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија констатира дека Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина- I читање е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click