Активности

Вторник, 23 јули 2019 година

Дваесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 23. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Северна Македонија, присуствуваше Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците Павлинче Честојнова, Панчо Минов и Љупчо Димовски. Пратениците во своите дискусии искажаа негативен став во однос на донесување на предложеното законско решение.

Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

Click