Активности

Петок, 6 јули 2018 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 22. седница одржана на 4 јули и на денешното продолжение, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај; 
  2. Предлог на закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

По Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, претседателката на Комисијата, г-ѓа Лилјана Затуроска ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, се поднесени шест амандмани од страна на овластените предлагачи и усвоени од страна на Комисијата.

Додека врз основа на членот 149 став 2 од Деловникот на Собранието, Комисијата, поднесе и едногласно усвои три амандмани.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: Слаѓана Митоска, Лилјана Затуроска, Димитар Стевананџија, Лилјана Поповска, Ане Лашкоска, Невенка Стаменковска, Реџаиљ Исмили, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и повереникот Елена Ангеловска-Атанасовска.

Во однос на Предлог на закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај,  претседателката на Комисијата, г-ѓа Лилјана Затуроска  ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието не се поднесени амандмани од овластените предлагачи. 

Додека врз основа на член 149 став (2) од Деловникот на Собранието, Комисијата поднесе и едногласно усвои осум амандмани кои се номотехнички карактер.

На крајот од расправата, Комисијата ги проследи горенаведените Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието. 

Click