Активности

Вторник, 26 јуни 2018 година

Дваесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 20. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - I читање;

2. Предлогот на законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај - I читање;

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше повереникот Јулијана Атанасова, помошник раководител на сектор во Министерството за транспорт и врски.Во образложението по Предлог - законите повереникот ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Комисијата за транспорт, врски и екологија со 6 гласа ,,за“ констатираше дека Предлог -законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click