Активности

Среда, 25 април 2018 година

Единаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 11. Седница, како матично работно тело, го разгледа Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ловството.

На седницата на Законодавно-правната комисија усвоен е амандман на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за ловството и согласно одредбите од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа амандманот усвоен на Законодавно-правната комисија и тоа: Во членот 7 се додава нов став 4.

Амандманот се поднесува заради правно-техничко допрецизирање на текстот на одредбата.

На крајот од расправата, Комисијата со 5 гласа „за“, без  гласови „против“  и 4 гласа „воздржан” го усвои амандманот.

Бидејќи се усогласени ставовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија, исполнет е условот од член 155 од Деловникот на Собранието на Република Македонија за подготовка на Дополнет Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за ловството (второ читање).

Click