Активности

Четврток, 24 јануари 2019 година 

Експертски корисни совети за надзорот и безбедноста

Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинска Управа и Министерство за одбрана, оствари средба со експертски тим, предводен од Маурицио Варанезе од Европската Унија.

Претседателот на Комисијата, Емил Димитриев, ја оцени средбата како континуитет на досегашната соработка, информира за актуелностите и претстојните измени во законодавството. 
Заедничка констатација на присутните е дека Република Македонија доцни со имплементација на законите кои ја регулираат сферата на службите за безбедност. 

Пред сè ова се однесува на неформирањето на Граѓанскиот совет и неангажманот на експерти во функција на Комисијата за контрола над службите. Ибран е само дел од членовите на Граѓанскиот совет, а во однос на експертите, сè уште нема одобрено буџет од Собранието за истите.

Маурицио Варанезе даде корисни совети за Комисијата за потполна имплементација на законот, кој во овој момент не е спроведен.

Експертскиот тим ѝ укажа на Комисијата да обрне повеќе внимание и во однос на донесувањето на новите закони за реформи во безбедносниот сектор, со оглед на тоа што еден дел од нив би можеле значително да влијаат на квалитетот на надзорот над службите. 

Click