Активности

Вторник, 27 ноември 2018 година

ЕУ реформите и подобрувањето на билатералните односи на Западен Балкан на агендата во Брисел

Во рамките на работната посета на Брисел, Делегацијата на Собранието на Република Македонија  во состав: Горан Милевски, Ејуп Аљими, Мери Лазарова и Никола Мицевски, учествуваше на втората тркалезна маса на високо ниво, на покана на претседателот на Европскиот парламент г. Антонио Тајани.

Во дискусијата по двете точки од агендата: ЕУ реформите и подобрувањето на билатералните односи во земјите од Западниот Балкан, свои излагања имаа пратениците Горан Милевски и Мери  Лазарова. Тие информираа за постигнатите резултати во ЕУ реформите и реализацијата на Преспанскиот договор. Притоа беше истакната потребата земјата да добие датум за почеток на преговори во јуни наредната година на седницата на Европскиот совет.

На тркалезната маса се обратија потпретседателката на Европарламентот, Ливија Јарока; еврокомесарот за  проширување Јоханес Хан; претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент,  Дејвид Мекалистер; како и повеќе европратеници кои се известувачи на Европскиот парламент за секоја земја од Западен Балкан.

Во нивните излагања беа истакнати поновите случувања во земјите во врска со евроинтегративните процеси, со посебен акцент на реализацијата на ЕУ реформите, како и за билатералните прашања и добрососедските политики на Западен Балкан.

Click