Активности

Среда, 15 ноември 2017 година

Груби:  Парламентот да го контролира  Буџетот

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Артан Груби, во функција на претседател на Бордот  на Мрежата на парламентарните комисии за економија, финансирање и европски прашања на Парламентите во Западен Балкан, имаше воведно излагање на Регионалната парламентарна конференција на тема: „Зајакнување на легислативната контрола во парламентите од Западен Балкан“.

Поздравувајќи ги присутните гости од парламентите на земјите од Западен Балкан, членки на оваа мрежа, која е во организација на Вестминстер  фондацијата за демократија и на Светска банка,  г. Груби  го  истакна значењето на овој проект, чија цел е зајакнување на парламентарната соработка на пратениците од земјите од Западен Балкан, со цел да се промовира пазарна конкуренција, економски раст и европска интеграција.

Господин Груби ја потенцира важноста на примарната улога на секој парламент, а тоа е парламентарната законодавна контрола врз работата на Владата, а во тие рамки и на Буџетот. 

Осврнувајќи се на европската перспектива на регионот за членство во ЕУ, посочи дека таа претставува основен мотив за спроведување на напорните реформски ЕУ процеси. Патот кон ЕУ нè упатува на меѓусебна зголемена соработка, во насока на решавање на нашите заеднички проблеми како што се борбата против организираниот криминал, транспортот, граничната безбедност и други, и кои  заеднички треба да  ги решаваме.

Исто така г. Груби  го поздрави  т.н. „Берлински процес“ со кој се продуцира рамка  на тесна регионална соработка, во насока на достигнување на економски развој и раст и отворена пазарна економија, односно постигнување на забрзан реформски напредок во интерес на поскора интеграција кон ЕУ.

Click