Активности

Вторник, 5 декември 2017 година

Груби со НАТО ја почнува посетата во Брисел  

 Претседателот на Комисијата за европски прашање на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, ја започна дводневната посета во Брисел со средбата на централното седиште на НАТО и учество на средбата „Пријателите на Европа“. 

Во НАТО, пратеникот Груби оствари средба со г. Кнут Кирстен, одговорен за политичкото одделение на НАТО за Македонија, како и со политичките претставници во НАТО на САД, Велика Британија, Унгарија, Романија, Словенија. 

Претседателот на Комисијата за европски прашање, Груби, ја истакна неопходноста за итно членство на Македонија во НАТО и подготвеноста на властите во Скопје за сериозно и итно решавање на реформите, прашањата со соседите, Грција и Бугарија. 

Покрај добрососедството, пратеникот Груби говореше и за посветеноста на Скопје кон спроведување на реформите за да се гарантира владеење на законот и правото во Македонија, јазичната еднаквост и останатите теми од интерес за соговорниците. 

Груби денес имаше прилика да размени свои видувања и со г. Хојт Ји, заменик-помошен секретар на САД.

Пратеникот Груби, исто така, денеска учествуваше на тркалезната маса со тема: „Западниот Балкан на крстопат: Нови предизвици, променета динамика“, која се одржува во Брисел, на покана на „Пријателите на Европа“ и на Европскиот самит за европска политика, каде ќе учествуваат и премиерот на Албанија, г. Еди Рама, директорот за Европската соседстката политика и проширување на Европската комисија, г. Кристијан Даниелсон, г. Мишеле Гиацомели, специјален пратеник на италијанското МНР за Балканот, г-ѓа Тања Фајон, заменик-член на Одоборот за надворешни работи на Европскиот парламент и многу други. 

Click