Активности

Понеделник, 27 јануари 2020 година

ГРУБИ-ТИГАЊ: ХРВАТСКА ПОДДРШКА ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО

Денеска, Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, со која претседаваше претседателот на Комисијата, г. Артан Груби, беа претставени Програмата и Приоритетите за работа на Хрватското претседателството со Советот на ЕУ, во периодот јануари-јуни 2020 година, од  aмбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, H.Е  Нивес Тигањ.

Амбадсадорката Тигањ, информира дека приоритетите на претседателството се развој на Европа, нејзината поврзаност, заштита и влијание. Исто така, како  важен приоритет  на Хрвтска, амбасадорката Тигањ го посочи и проширувањето со нови земји членки, согласно новата методологија на Европската Унија, која треба да биде усвоена наскоро. Истакна, дека  проширувањето  на ЕУ со земјите од Западен Балкан,е нагласено во програмските цели на хрватското ЕУ претседателство, но дека европската перспектива за земјите во регионот, мора да се унапредува, врз основа на нивните сопствени заслуги и на поставените критериуми.

Претседателот на Комисијата, г. Груби, честитајќи  и го на Хрватска  првото претседавање со ЕУ,  истакна дека Хрватска  ќе ја води  Унијата  за прв пат, но и  со нов состав на европските институции, по минатогодишните  избори.Посочи дека  на Хрватска како земја претседавач со Унијата, но и на самата Унија  нема да им биде  едноставно во следните шест месеци.Груби, рече дека  претстојниот шестмесечен период  е турбулентен период, за Северна Македонија и Албанија, кои  очекуваат заслужено да добијат датум за почеток  на преговори. Притоа, ги цитираше последните изјави на  високи европски политичари, како што се  новата претседателка на Европската Комисија, г-ѓата Лајен, новиот еврокомесар за проширување Вархеји, германската канцеларка Меркел  и други, кои  јасно кажаа дека и двете земји кандидати, Северна Македонија и Албанија ги исполнија  критериумите и дека заслужуваат да добијат датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Во тој контекст Унијата треба да ја исправи грешката од октомври и  ги отпочне пристапните преговори со двете земји на пролет.

Свои обраќања имаа и амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, г. Жбогар и вицепремиерот за европски прашања, д-р Османи, кои ја нагласија потребата за инклузивен пристап на целото општество во државата, со цел реализација на потребните ЕУ реформи, за да земјата напредува на патот кон ЕУ. 

Во дискусијата по хрватските приоритети учествуваа и претставникот на СДСМ, г-Бетиане Китев, како и на ВМРО-ДПМНЕ, г. Антонијо Милошоски, кои потенцираа дека земјата треба да ги отпочне преговорите по поглавјата што поскоро. Китев истакна дека земјата има направено  многу во однос на бараните реформи и дека со право очекува до крајот на ова претседателство  напредок во ЕУ процесот, додека  пратеникот Милошоски, меѓу другото, се осврна на  потребата за  вистинска имплементација на законите, пред сѐ,  во  правосудството.

Click