Активности

Понеделник, 22 јануари 2018 година

Интеграција на Западен Балкан за комплетна Европа

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, учествуваше на Конференцијата на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите членки и земјите кандидати за членство во Европската Унија во Софија, Република Бугарија. 

На конференцијата, Груби се обрати пред пратениците од националните парламенти на земјите членки на Европската Унија и се осврна на европската перспектива на Македонија и земјите на Западен Балкан. 

Говорејќи на сесијата за иднината на Европската Унија и силата е во единството, Груби истакна дека единството е цело кога е комплетно, а за да стане Европа комплетна, потребна е интеграција на шесте земји од Западен Балкан, и само тогаш Европа ќе биде цела. 

„Ние, земјите на Западен Балкан инвестиравме надеж во претседавањето на Бугарија и посебно нивниот приоритет за проширување на Европската Унија со земјите од Југоисточна Европа, а посебно и заедно со следните претседавачи Австрија и Романија, ќе ни се овозможи конретна ЕУ перспектива. 

Очекуваме позитивна, конкретна и афирмативна стратегија од г. Јункер, безулсовна препорака и позитивен извештај, како и датум за преговори, кој што го очекуваме од 2005 година со кандидатскиот статус и од 2009 со првата препорака за отпочнување на преговори. Исто така, имајќи предвид дека повеќето од вас се и земји членки на НАТО, очекуваме ваша поддршка и на самитот на Алијансата во јули во Брисел“ - истакна Груби. 

Пратеникот Груби истакна дека за да го постигнеме тоа кон што се стремиме, ние сме целосно посветени на реформите во владеењето на правото и конкретно испорачуваме, го заокруживме нормативниот дел од Охридскиот договор, го ратификувавме добрососедскиот договор со Република Бугарија и го интензивираме дијалогот со Грција кон конечно решение. 

Бараме конкретни дела од вас, Комисијата, земјите членки, како и да ја гледаме повеќе Европа на Западен Балкан отколку Русија“, посочи Груби. 

За време на посетата на Софија, Груби оствари средби со своите колеги од регионот, со колегите од националните парламенти на земјите членки на Европската Унија. 

Click