Активности

Петок, 11 мај 2018 година, Белград

Излагање на пратеничката Славица Шуманска-Митева за ЕУ како мировен проект 

Пратеничката од Собранието  на Република Македонија, г-ѓа Славица Шуманска-Митева, во рамките на дводневната Конференцијата на тема „Преку идејата за ЕУ до мир и развој“, што се одржува денеска во Парламентот на Република Србија, имаше излагање на панелот посветен на „ЕУ како мировен проект“.

Во своето излагање, г-ѓа Шуманска-Митева го истакна значењето и важноста на ЕУ, која со години претставува позитивен пример и инспирација за сите земји кои сакаат да го развиваат демократскиот дух преку почитување на индивидуалните и колективните права на граѓаните. Во тој контекст, го истакна и значењето на ЕУ  во однос на  безбедноста на земјите членки, од аспект на потребата за понатамошно проширување со земјите од Западен Балкан.

На Конференцијата, која ја отвори претседателката на Парламентот, г-ѓа Маја Гојковиќ, воведни излагања имаа министерот за надворешни работи на Србија, г. Ивица Дачиќ и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, г. Паоло Али, кои се осврнаа на  актуелните безбедносни прашања во ЕУ. Во таа насока беше потенцирано значењето на  придонесот на ЕУ и НАТО во зацврстувањето на мирот и стабилноста во Регионот, Европа и пошироко во светски размери.

Click