Активности

еток, 4 мај 2018 година

Јавна расправа на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната 12.седница, одржа Јавна расправа по Предлогот на законот за енергетика. 

Воведно обраќање по Предлогот на законот за енергетика имаа: г. Крешник Бектеши, министер за економија; г. Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори; г. Јанез Копач, директор на Секретаријатот на енергетската заедница; како и консултатите кои учествувале во изработка на Предлогот на законот за енергетика: г. Славе Ивановски, г. Атанаско Тунески, г. Александар Дединец и г. Дарко Јаневски.

Свое обраќање на јавната расправа имаа и: г. Констатин Димитров, проф.д-р во пензија; г. Димитар Кочовски, директор на Балкан енерџи груп; г. Драган Миновски, претседател на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ; г. Марјан Ненов од здружението на граѓани „НО пасаран“; г-ѓа Лилјана Поповска, пратеничка во Собранието на Република Македонија; г. Сашо Генчев, управител на фирмата Ингмарк ДООЕЛ Скопје; г. Горан Анчески, управител на фирмата Аресе солушнс; г. Ристо Јаневски, директор за планирање и развој во АД ОКТА Скопје; проф.д-р Димитар Димитров, професор на факултетот за електротехника и информациски технологии и г-ѓа Невена Смилевска, програмски координатор од невладината организација Еко-свест. 

Притоа беа истакнати разни мислења, препораки, забелешки по Предлогот на законот за енергетика, како и поставени повеќе прашања до претставниците од Министерството за економија и до г. Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.

Click