Активности

Вторник, 3 јули 2018 година

Јавна расправа на Комисијата за финансирање и буџет 

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија одржа јавна расправа по Предлогот на закон за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште.

Воведно обраќање по Предлогот на законот имаа г. Панчо Минов, заменик на претседателот на Комисијата за финансирање и буџет и г-ѓа Соња Мираковска, претседател на Законодавно-правната комисија.

Свое обраќање на јавната расправа имаа и Марјан Ристевски, претседател на Конфедерација на Синдикални организации на Република Македонија; Ана Глигорова, член на Управен одбор на здружението на граѓани „Човекот над профитот“; Славко Лазовски, претседател на здружението на граѓани „Човекот над профитот“; Марјан Ненов, од НВО Но Пасаран; Цена Митревска од здружението на граѓани „Стоп за извршители“; Зоран Јосифовски, претседател на Основен суд Кавадарци; Кристина Ампева, претседател на НВО „Гласен текстилец“; Ана Атанасова, раководител на Правен оддел во ЕВН; Самка Ибраимоски, пратеник во Собранието на Република Македонија и Благоја Деспотоски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Притоа, беа истакнати разни мислења, препораки, забелешки по Предлогот на законот, како и поставени повеќе прашања до предлагачите на законот.

Click