Активности

Понеденик, 3 февруари 2020

Јавна расправа на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата  за  образование, наука и спорт,  на  45. Седница, одржана на 31 јануари 2019 година и на 3 февруари 2020 година, одржа Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа учествуваа и претставници на Министерството за образование и наука, Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“, Државниот просветен инспекторат и универзитетски професори.   

На почетокот, претседателката на Комисијата, Жаклина Лазаревска, даде кус осврт на причините за организирање на јавната расправа, кои, како што истакна, произлегоа од ставовите изнесени при првото читање по Предлог-законот, при што заедничка беше оценката на Комисијата за потребата од поширока расправа во насока на изнаоѓање што поквалитетни решенија во Законот за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“.

Појдовна основа за законските измени и дополнувања што се предлагаат се потребата од усогласување на работата на Универзитетот со новите решенија во Законот за високото образоание и основање на универзитет кој ќе може да одговори на современите предизвици на високото образование во земјата, во регионот и пошироко. Во овој контекст, таа го нагласи и неподелениот став на сите дискутанти во првото читање на законот дека градот Охрид заслужува да биде универзитетски град, не само заради Светиклиментовата традиција, туку и заради традиционалното квалитетно образование што го има Градот.

Вовед на темата на Јавната расправа имаа пратеникот Рубин Земон во својство на претставник на предлагачите на законот; проректорот за финансии на Универзитетот проф. д-р Иван Бимбиловски и заменик-министерот за образование и наука, Елизабета Наумовска. Во расправата учествуваа универзитетски професори, просветен инспектор, генералниот секретар и студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“ и пратеници.

Доминантна беше оценката за неоходноста од квалитетни законски решенија за оваа високообразовна установа чии пропусти во работењето се евидентирани во инспекциски и ревизорски извештаи. Оттаму, потребата од структурни и друг вид квалитативни промени во Универзитетот е повеќе од потребна и тоа преку законски решенија што ќе овозможат квалитетет во духот на современите образовни политики во високообразовната дејност. 

Click