Активности

Вторник, 8 мај 2018 година

Јавна расправа на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија, на денешната Четврта седница, одржа Јавна расправа за Извештајот за напредокот на Република Македонија од страна на Европската комисија за 2018 година, со посебен осврт на делот за човековите права.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на седницата беа поканети сите пратеници на Собранието на Република Македонија, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, заменик-претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, министерот за внатрешни работи, министерот за правда, министерот за труд и социјална политика, министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, министерот за надворешни работи, министерот за образование и наука, министер за здравство, претседателот на Уставниот суд, претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација, народниот правобранител, претставници на Бирото за застапување пред Европскиот суд за човекови права, Јавното обвинителство, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот за медиумска етика, Здружението на новинари, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Агенцијата за остварување на правата на заедниците, синдикатите, УНДП, ОБСЕ, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, како и претставник на Европската комисија.

Јавната расправа со пригодно обраќање ја отвори г. Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. 

На расправата дискутираа пратениците: Маја Морачанин, Никица Корубин, Ферид Мухиќ, Мирсада Емини-Асани, Сурија Рушиди, Зеќир Рамчиловиќ и Панчо Минов, како и претставниците на невладините организации: Биљана Гинова од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Маргарита Цаца Николовска од Институтот за човекови права, Силва Пешиќ од Канцеларијата на ОН, Зоран Дранговски од Македонското здружение на млади правници и Уранија Пировска од  Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Предложените закучоци од  јавната расправа ќе бидат усвоени на следната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. 

Click