Активности

Четврток, 16 ноември 2017 година

Јавна расправа на тема: Говор на омраза во медиумите насочен кон жените

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија денеска ја одржа Четвртатa седница со следниот дневен ред: Јавна расправа на тема: Говор на омраза во медиумите насочен кон жените. 

Покрај членовите и замениците членови на Комисијата на седницата беа поканети сите пратеници на Собранието на Република Македонија, претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата  за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, претставници на Комисијата за заштита од дискриминација, Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, претставници на медиумите, Институтот за родови студии, Македонското женско лоби, Un Women, УНДП, НДИ, ИРИ, Европската комисија, како и претставници на НВО секторот од оваа област.

Јавната расправа со пригодно обраќање ја отворија: Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Ивана Туфегџиќ, заменик член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Поздравно обраќање на јавната расправа имаше и Ѓулумсер Касапи, координаторка на Клубот на пратенички.

На темата свои излагања имаа: Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Нена Неновска Гeоргиевска, член на Комисијата за заштита од дискриминација, Мердита Салиу, раководителка на Секторот за еднакви можности на Министерството за труд и социјална политика и Марија Теговска, советничка во Министерството за информатичко општество и администрација.

На расправата дискутираа пратеничките Нола Исмајлоска Старова, Маја Морачанин, Никица Корубин, Мирсада Емини Асани, Јагода Шахпаска, како и претставниците на невладините организации: Ана Ангеловска од НДИ, Ирена Цветковиќ од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Савка Тодоровска од НСРР-СОЖМ и Ивана Драгшиќ, граѓански активист.

По дискусијата беа донесени следните заклучоци:

1. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ги осудува сите облици на говор на омраза присутен во аудиовизуелните, печатените и електронските медиумите насочен кон жените; 

2. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите иницира измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во делот кој ја регулира оваа проблематика; 

3. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите иницира измена на Законот за спречување и заштита од дискриминација во делот кој ја регулира оваа проблематика;

4. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите поттикнува зајакнување на соработка помеѓу надлежните институции и граѓанскиот сектор во превенција од кампањи кои содржат говор на омраза, преку одржување на јавни дискусии.

Click