Активности

Четврток, 29 јуни 2017 година

Јавна расправа на тема: Предлог на Закон за изменување на Законот за работните односи

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за труд и социјална политика одржаа на 27 јуни 2017 година, Јавна расправа на тема: Предлог на Закон за изменување на Законот за работните односи.
Седницата со свое обраќање ја отворија претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Даниела Рангелова, заменикот на претседател на Комисијата за труд и социјална политика, Весна Пемова и заменикот министер за труд и социјална политика, Елми Азири.

Во дискусијата се вклучија пратениците Нола Исмајлоска Старова, Ванковер Манчев, Маја Морачанин, Павле Богоевски, Слаѓана Митовска, Катерина Кузмановска, Лилјана Затуроска, Никица Корубин, Јагода Шахпаска, Павлинче Честојнова, Невенка Стаменковска и Благица Ласовска, како и претставници од невладиниот сектор, лекари и професори и тоа: Елизабета Божиновска од ХЕРА, Драгана Дрндаревска од Коалицијата СЗПМЗ, д-р Катерина Ставриќ од Клиниката за детски болести, Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на РМ, Марија Савовска од Акција Здруженска, Марија Башевска од Реактор, Даниела Панова од ОЖО Св. Николе, Борјан Павловски од ЕСЕ, Даниела Димитриевска од МЖЛ, Савка Тодоровска од НСРР/СОЖМ,  д-р Љиљана Којиќ од ЈЗУ Клиника за детски болести, Валентина Дисоска од Здружение на бизнис жени, проф. д-р Татјана Котева - Мојсовска од Педагошки факултет и Марија Гелевска од ЕСЕ.

По дискусијата се донесоа следните заклучоци:

  1. Потребна е сеопфатна анализа и дополнителна дебата за изменување на Законот за работните односи.
  2. Да се поднесе барање до Комисијата за труд и социјална политика за одржување на надзорна расправа за досегашната имплементација на Законот за работни односи во делот на породилното отсуство. 
  3. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за труд и социјална политика континуирано ќе водат сметка за недискриминација при вработување на жените и при секои законски измени ќе ги имаат предвид потребите на мајката и здравјето на детето, а сугерираат и разгледување на можноста за индивидуално право за користење на породилно отсуство од страна на двајцата родители, притоа водејќи сметка и за еднородителските семејства. 
Click