Активности

Четврток, 5 април 2018 година

Јавна расправа по Предлог-законот за високото образование

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија одржа јавна расправа по Предлог-законот за високото образование.

На јавната расправа беа поканети и учествуваа членови на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Министерството за образование и наука, државните и приватните универзитети и други високообразовни установи, студенти, невладини и меѓународни организации чиј домен на интерес е образовната сфера.

Пред присутните се обрати министерката за образование и наука, г-ѓа Рената Тренеска Десковска која истакна дека новото законско решение за високото образование е  резултат на инклузивност на академската заедница и сите субјекти од сферата на образованието. Предложениот закон е одговор на проблемите во високото образование што произлегуваат меѓу другото од нефункционалните и контрадикторни законски решенија кои ја ограничуваат автономијата на универзитетите и на високообразовните установи. 

Во дискусијата, во која се вклучија претставници на сите поканети субјекти беа изнесени конструктивни мислења, предлози и забелешки кои треба да се имаат предвид при дефинирањето на конечните законски решенија во второто читање на Предлог-законот. 

Click